Конститутивен состанок на Советодавниот одбор на Центарот за побезбеден интернет / #MKSafeNet
Денеска се одржа конститутивен состанок на Советодавниот одбор на Центарот за побезбеден интернет / МКСафеНет. Во одборот членуваат претставници од државните институции, приватниот сектор, невладиниот сектор, како и претставници од академската фела, вклучувајќи ги Министерството за дигитална трансформација, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Собрание на Р.Македонија, комисија за Дигитална трансформација,животна средина и просторно планирање, А1/MASIT, UNICEF, УКИМ и Македонското здружение на млади правници.
На состанокот беше презентирана досегашната работа и активности на проектот, кои вклучуваат успешни иницијативи за зголемување на безбедноста на интернетот и подигнување на свеста кај младите и пошироката јавност. Целите на проектот се насочени кон создавање на безбедна дигитална средина, зголемување на заштитата од онлајн закани и поддршка на институциите во заштитата на личните податоци и правата на корисниците.
Советодавниот одбор игра клучна улога во понатамошната реализација на проектот, нудејќи стручни совети, стратегиски насоки и поддршка во креирањето на нови иницијативи и активности кои ќе ја унапредат безбедноста на интернетот во Македонија.
Заедно, продолжуваме да работиме на создавање на побезбедна и сигурна дигитална иднина.
Линк https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=122116591856748531&id=61572455952248
