486254032 122121622292748531 8277234297940554948 n

Посета на Insafe Inhope во Амстердам

На 19-20 март 2025 година, проектниот менаџмент тим на проектот #MKSafeNet учествуваше на обука за градење капацитети, организирана од Центарот за побезбеден интернет на Европската комисија и платформите #Insafe и #INHOPE во Амстердам, Холандија.

Тимот активно учествуваше во истражување на заеднички области и разгледување на можностите за поблиска соработка помеѓу Центрите за побезбеден интернет од Европа, Help и Hot линиите за помош, како и Центрите за подигнување свеста за користење побезбеден интернет.

Програмата на обуката вклучуваше дискусии за актуелни прашања во безбедноста на интернет, како што се вештачка интелигенција, сајбер малтретирање, интернет игри, како и најновите промени во Законот за дигитални услуги (DSA). Тимот ги разгледа и предизвиците со кои Центрите за побезбеден интернет ќе се соочуваат во иднина.

Како дел од обуката, тимот имаше можност да го посети Центарот за побезбеден интернет во Амстердам, каде беа разменети искуства и добри практики.

Во рамките на отворените работни сесии, тимот го претстави проектот #MKSafeNet како основа за формирање на Македонски Центар за побезбеден интернет, нагласувајќи ја важноста на овие иницијативи за безбедноста на интернет во Македонија и регионот.

Линк за повеќе https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=122121622184748531&id=61572455952248

Similar Posts