ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА СТУДЕНТСКИ ХАКАТОН ЗА ПОБЕЗБЕДЕН ИНТЕРНЕТ!
![]()
СТАНИ ДЕЛ ОД „MKSafeNet Innovators 2025“! ![]()
![]()
Имаш идеја што може да ја направи дигиталната средина побезбедна?
Сакаш да создаваш решенија кои ја менуваат заедницата?
Веруваш дека технологијата може да создаде подобар свет?
Ова е твојата шанса да бидеш иноватор кој го прави Интернетот побезбеден!
Хакатон ќе се одржи на 13 – 14 декември 2025
Хакатонот ќе се одржи паралелно на три локации:
Факултет за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ), Битола – УКЛО
Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ (МАГМА), Скопје
Универзитет на Југоисточна Европа (СЕЕУ), Тетово
На хакатонот може да учествуваат сите студенти од јавните и приватните универзитети во Македонија! ![]()
Краен рок за пријавување: 9 ноември 2025 година (недела)
Онлајн инфо-сесии: 10 и 11 ноември 2025 година
Пријавување на следниот линк: https://lnkd.in/dBBR2Z89
Пријавувањето е за тимови од 3-5 студенти.
![]()
Вредни награди за најдобрите тимови!
Студентите на ФИКТ покрај наградите ќе можат да добијат и дополнителни ЕКТС кредити!
МКSafeNet е проект кофинансиран од Европската комисија, насочен кон создавање безбедна дигитална средина за децата и младите. Дел од нашата мисија е подигнување на свеста за опасностите во дигиталната средина, подобрување на ресурсите за заштита на децата и младите и обезбедување поддршка и едукација за сите засегнати страни, вклучувајќи родители, едукатори и заедницата во целина.
За повеќе информации: mksafenet@mdt.gov.mk, info@knowledge-center.org и contact@fikt.edu.mk
