493523484 122129062208748531 5461747168080016536 n

Одржано предавање во училиште

🎓 На 25 април, во СОУ „Ацо Русковски“ – Берово, претставници од #MKSafeNet одржаа интерактивна обука за дигитална безбедност и побезбедна употреба на интернет, како дел од активностите на проектот MKSafeNet/Центар за побезбеден интернет. 💻🔐

На обуката беа присутни 200 ученици од сите 24 паралелки, од I до IV година. Темите што се обработуваа вклучуваа: заштита на лични податоци, препознавање на онлајн измами, фишинг, сајбер насилство, како и користење безбедни интернет алатки и механизми за пријавување штетна содржина.

🌐📱Учениците покажаа огромен интерес – поставуваа прашања, споделуваа свои искуства и активно дискутираа за предизвиците и можностите во дигиталниот свет. Оваа динамична и отворена атмосфера беше вистински показател за нивната свесност и подготвеност за одговорно онлајн однесување.

Similar Posts