Одржана јавна расправа
📢 Во рамките на проектот #MKSafeNet, денес се одржа јавна расправа на која беа претставени Физибилити студијата и Акцискиот план за воспоставување на Центарот за побезбеден интернет на Македонија. ИМПЕТУС ја води оваа компонента, каде што беше презентиран моделот на воспоставување на Центарот за побезбеден интернет.
Исто така, пред присутните беше претставен и проектот со неговите цели, активности и очекувани резултати.
На настанот присуствуваа претставници од конзорциумот на проектни партнери, како и претставници од институции, граѓански организации, експертската јавност и други засегнати страни, кои дискутираа за потребите, предизвиците и решенијата во насока на дигиталната безбедност на децата и младите. Настанот го отвори државната секретарка од Министерството за дигитална трансформ ација, г-ѓа Гордана Клинчарова, која ја нагласи стратешката важност на Центарот како дел од националната дигитална агенда. #MKSafeNet претставува клучна иницијатива за создавање одржлив, функционален и европски усогласен Центар за побезбеден интернет, кој ќе понуди 🆘 помош, 📚 едукација и 🛡️ заштита во дигиталната средина.
🙏 Благодарност до сите учесници за активната дискусија и конструктивните препораки




