Обука за заштита на личните податоци
Во соработка со Агенција за заштита на личните податоци Agjencia për Mbrojtjen e të Dhënave на 24 септември 2025 се одржа предавање за заштита на личните податоци за конзорциумските партнери во рамките на проектот MKSafeNet
Обуката беше организирана од Impetus, со целосно покриен трошокот за учеството на партнерите. Со ова, Impetus овозможи секој партнер да има директен пристап до експертски знаења и практични совети, без дополнителен финансиски товар.

Обуката им даде на учесниците можност да развијат капацитети за правилно ракување со лични податоци, да ги препознаваат потенцијалните ризици и да применуваат добри практики во нивните организации.
Заедно работиме на посигурна дигитална иднина и зајакнување на практичната примена на прописите за заштита на лични податоци.
Заштитата на личните податоци е приоритет!
