Координативен состанок на Конзорциумски партнери
На 10 јуни се одржа координативен работен состанок со проектните партнери од конзорциумот на проектот MKSafeNet / Центар за побезбеден интернет.
На состанокот се направи преглед на досегашните резултати и напредокот постигнат во првите девет месеци од имплементацијата на проектот.
Беа презентирани клучните достигнувања, идентификувани предизвиците
со кои се соочува тимот, како и утврдени заеднички насоки и препораки за понатамошно дејствување.
Дополнително, беше спроведено детализирано планирање на претстојните активности и распределба на обврските меѓу партнерите.
