Golden star trophy on a black base with a blurred background.

Објавување на добитниците на средношколската стипендија за изучување #сајбербезбедност

ИМПЕТУС – Центар за интернет, развој и добро владеење, со особено задоволство им честита на учениците кои ја добија стипендијата за изучување сајбербезбедност, доделена во рамки на националната кампања #CyberReady#Challenge, со поддршка од Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство и British Embassy Skopje.

Сајбербезбедноста е област која брзо се развива и отвора значајни можности за учење, личен развој и идни професионални кариери. Се надеваме дека оваа стипендија ќе биде дополнителна мотивација за учениците да продолжат да истражуваат, да учат и да ги развиваат своите знаења и вештини во оваа важна област.

Добитници на стипендијата се:

1. Игор Димчевски од СОУ Коста Сусинов – Радовиш
Ментор-наставник: Маја Караманова

2. Антонио Михајловски од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово/ Gymnasium “Goce Delchev” – Kumanovo
Ментор-наставник: Јасмина Денковска

3. Петар Радевски од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово/ Gymnasium “Goce Delchev” – Kumanovo
Ментор-наставник: Јасмина Денковска

4. Верица Тодорова од Гимназија Добри Даскалов Кавадарци
Ментор-наставник: Благородна Лазова

5. Иван Николов од СОУ „ЌИРО СПАНЏОВ БРКО“ – Електро-машински училишен центар – Кавадарци
Ментор-наставник: Димитрија Ангелков

6. Давид Мишовски од СУГС Раде Јовчевски – Корчагин – Скопје
Ментор-наставник: Ива Мандиќ

7. Кристијан Трајков од СОУ „Богданци“ – Богданци
Ментор-наставник: Драгица Ѓавочанова

8. Дамјан Николовски од СЕПУГС Васил Антевски Дрен – Скопје
Ментор-наставник: Ива Мандиќ

Три стипендии се доделени на средношколки од СОС Детско село.

Им честитаме на сите добитници, како и на нивните ментор-наставници за поддршката, посветеноста и охрабрувањето на учениците да се вклучат во теми поврзани со сајбербезбедноста и дигиталните вештини.

Во согласност со начелото на минимизација на лични податоци, во оваа објава се наведени само податоците неопходни за информирање на јавноста за добитниците на стипендијата: име и презиме на ученикот, училиште и ментор-наставник. Контакт-податоци, линкови до профили и други дополнителни лични податоци не се објавуваат.

Similar Posts