ПОВИК ЗА УЧИЛИШТА 2025
Осмислете кратка активност (60–90 мин.) за сајбер безбедност, заштита на лични податоци и безбедно користење интернет – и освојте еднодневна обука од Агенција за заштита на личните податоци + сертификати!
Кој може да аплицира?
Државни основни и средни училишта во РСМ.
Што се бара?
Креативна училишна активност на една или повеќе теми:
- Сајбер хигиена (лозинки, фишинг, дигитални траги…)
- Заштита на лични податоци (права на ученици, минимизација, пријавување…)
- Безбедно онлајн (TF-VAW/сајбер-насилство, етика, алатки за пријавување…)
Примери: работилница/час, ученичка обука, родителска трибина, постер/видео предизвик, „Дигитален кодекс на одделението“, мини-политика за приватност во 5 чекори, предавање, проектна задача, литературен/ликовен конкурс „Безбедно на интернет…?“.
Ресурси: https://mksafenet.mk/resources/
Награди:
- Платена еднодневна обука во/од АЗЛП (5.500 МКД по лице) за претставник на училиштето
- Сертификат од АЗЛП (за претставникот)
- Сертификати од ИМПЕТУС (за училиштето, ментор-наставници, ученички тим)
- Јавно признание и медиумска промоција на успешната практика
Временска рамка (окт.–ноем. 2025):
- 30.09.2025 – рок за пријава на интерес и предлог-активност
- 01.10–30.11.2025 – спроведување активности
- до 05.12.2025 – доставување извештај/докази
- 10.12.2025 – објава на добитници
- декември 2025 – термин за обука
Критериуми (100 поени):
- Содржинска релевантност и точност (30)
- Вклученост на ученици/наставници/родители (15)
- Инклузивност и родова еднаквост (10)
- Иновативност и применливост (15)
- Документација/видливост (30)
Како да аплицирате?
- Пријавете интерес (за менторска поддршка по потреба): https://forms.gle/7FakaFJ9HC9ieTJX7
- Во окт./ноем. спроведете активност и користете хаштагови #impetusmk #mksafenet.
Тагнете нè во објавите: @MKSafeNet @ImpetusCIDGG - Во декември испратете е-пошта на contact@impetus.mk со наслов:
„Пријава – Училишна активност за безбеден интернет“ и прилози (PDF/линкови):
• Краток извештај (кој/кога/што/како; до 1 страница; како ги заштитивте личните податоци)
• Докази: објави/фотографии/веб линк итн.
Важно за приватност:
Не прикачувајте лични податоци на ученици. Доставувајте анонимизирани материјали (замаглени лица, иницијали, опис на резултати, постери, наставни материјали).
Контакт: contact@impetus.mk • 071 276 151