ОБУЧУВАЧ

Љиљана Цекиќ – Лазоровска

Над 14 години работно искуство во НВО секторот, во областа на административно и финансиско менаџирање на проекти од различни донатори, едукатор и соработник/консултант на повеќе домашни и странски организации во областа на финансиско управување со проекти.

Што ќе научиш?

Како се подготвува буџет и што треба истиот да содржи; Правилата кои треба да се почитуваат за успешно спроведување на проектот од аспект на административно работење и финансии, во зависност од барањата на донаторот.

Што добиваш?

Сертификат за завршен курс кој содржи кои вештини за работа се стекнати. Со секој поминат курс – поблиску си до ново вработување. Сертификатот ти обезбедува членство во ИМПЕТУС заедницата, а со стекнати одреден број на поени од секој посетен курс, добиваш ексклузивен пристап до затворени настани на ИМПЕТУС и покана за учество во регионални и меѓународни иницијативи кадешто ИМПЕТУС е членка. Повеќе за ова види во Програмата за членство.

Цена на обуката

3000 МКД

Модул 1

  • Што е буџет и како се подготвува буџетот?
  • Какви буџетски ставки и линии треба да содржи?
  • Кои документи се потребни за оправдување на секој поединечен трошок во рамките на буџетските ставки?
  • Следење на реализираните трошоци и проектираните износи
  • Измени на буџетот во текот на спроведувањето на проектот 
  • Финансиска координација на партнери и донатори

Модул 2

  • Подготовка на периодични и финални финансиски извештаи
  • Финансиска ревизија на проекти
  • Начин на добивање (префрлање) на средства од страна на донаторот
  • Прашања и одговори

Moжни работни позиции

  • Административно-финансиски асистент/ менаџер во НВО секторот, општина, компанија, високо-образовна институција, медиум, приватни и јавни претпријатија,
  • Менаџер на грантови во НВО секторот, меѓународни организации, фондации и здруженија,
  • Финансиски администратор на проекти (freelance или вработување на проект) во различни приватни правни лица и јавни/државни кои имаат во својата систематизација организациони единици кои се занимаваат со имплементација на проекти.

Kлучни информации

  • Времетраење: Секој модул трае 1,5 час. Вкупно траење на курсот е три часа, со можност да поставувате прашања директно до експертот за конкретни дилеми, предизвици или буџетски ставки.
  • Регистрација: Потребно е да испратите ваши податоци (име, презиме) за регистрација на следната адреса: contact@impetus.mk
  • Веднаш потоа ќе добиете подетални информации за уплата. Курсот се организира онлајн, а линк ќе добиете откако ќе ни испратите потврда за уплатата.  
  • Услов: За време на обуката, учесникот мора да има вклучена камера и слушалки