Пријави се за обука за Дигитални права и безбедност онлајн

ИМПЕТУС организира тридневна работилница за претставници на невладини организации и медиуми на тема „Дигитални права и безбедност онлајн“/ Digital Security Sprint, во периодот од 15-17 јуни во Скопје.

Може да се пријават најмногу по двајца од една организација.
Работни јазици на работилницата се македонски и англиски.

Обуката за Cybersecurity е критична потреба за граѓанските организации. Помага за намалување на потенцијалните закани кои можат да предизвикаат финансиски загуби, губење на податоци и нарушување на репутацијата. Оваа обука обезбедува алатки за успешно одржување на безбедноста на податоците и информациите со кои организациите располагаат.

Учесниците на оваа скроена обука за сајбер безбедност ќе научат да го обезбедат своето лично онлајн присуство, ќе ги разберат тактиките користени од киберкриминалци и ќе се здобијат со вештини како да им се спротивстават. Ова знаење овозможува безбедно навигирање низ дигиталните канали, а уште поважно, учеснивите ќе знаат како ова знаење да го пренесат понатаму.

Обуката покрива стратегии за заштита на целата организација онлајн: веб-страни, профили на социјални медиуми и други сервиси. Разбирањето како да се постави безбеден пристап при користење на онлајн алатки ќе го обезбеди непрекинатото работење на организацијата. Учесниците ќе постанат лидери за кибербезбедност во своите организации.