Програмата за развој и едукација на млади претежно ќе работи на идентификација на проблеми со кои се соочуваат младите, помош и поддршка за развој, како и размена на искуства со млади од други држави. Исто така, темите од интерес од другите програми ќе бидат дел од развојот на капацитетите на младите кои ќе бидат дел од организацијата. ИМПЕТУС планира да развие младински лидери кои ќе ги носат промените во општеството и ќе бидат ехо за сите предизвици.

Програмата ќе се насочи кон промовирање на неформалното образование и обука на младите преку интеркултурна обука и активности, поттикнување на размена на млади и волонтерство на национално, европско и меѓународно ниво, развој на свеста за европско граѓанство преку програми и проекти наменети за млади луѓе.