Програмата за приватност и интернет се стреми кон развој на алатки за информирање и едукација на граѓаните за остварување на нивните права во оваа област, како и алатки за застапување насочени кон развој на свеста на правните лица за спроведување на стандардите и законските одредби за заштита на личните податоци и приватноста. Воедно, програмата ќе нуди и алатки за развој на капацитети за предизвиците од користење на интернетот.