Програмата за добро владеење и човекови права ќе спроведе истражување и анализи за да се утврди степенот на добро владеење и да се постигнат стандарди за одговорно и транспарентно работење на јавните институции, како на централно, така и на локално ниво. Оваа програма ќе го процени придржувањето кон владеењето на правото, како и ефикасно и ефективно користење на ресурсите насочени кон реалните потреби на сите сегменти на општеството.

Оваа програма исто така ќе се осврне на еднаквото уживање на човековите права и ќе работи на идентификување на случаи и политики кои водат кон нееднаквост и нетолеранција и нивно подобрување во насока на заштита на човековите права. Програмата ќе ја процени работата на агенциите за кривична правда и ќе ангажира независни институции и граѓанско општество за решавање на загриженоста за криминалот од омраза, говор на омраза и дискриминација. Програмата тесно ќе соработува со другите програми бидејќи нетолеранцијата посебно е насочена кон младите преку нови методи на комуникација, што исто така претставува закана за безбедноста.

И на крај, програмата ќе биде насочена кон едукација и имплементација на механизми за заштита на човековите права воопшто.