Програмата Безбедност на Центарот за интернет, развој и добро владеење „ИМПЕТУС“ се занимава со реализирање на методолошки конципирани истражувања, анализи и студии на безбедносни прашања и предизвици од денешното современо живеење. Идентификувањето и проценката на ризиците, заканите и опасностите по мирот, безбедноста и стабилноста на граѓаните, државата и регионот се во фокусот на интерес на оваа програма. Главната цел на програмата е да понуди конкретни предлози и решенија за безбедносните проблеми, преку согледување на сите аспекти поврзани со нив. Предметот на истражување во оваа програма ќе се разгледува преку методот на безбедносна анализа – проценка, дијагноза и прогноза за постојните, но и идните општествено-политички и безбедносни настани. Особен акцент програмата става на новите безбедносни предизвици кои произлегуваат од евроатлантските интеграции на земјите аспиранти за членство, како и новите хибридни закани кои влијаат на мирот и стабилноста во целиот свет.