Директор на Програма за Приватност и Интернет
Лилјана Пецова – Илиеска

Лилјана Пецова – Илиеска, магистер по филолошки науки и Програмски Директор на Програма за Приватност и Интернет во рамки на „ИМПЕТУС“. Во моментов работи како проектен координатор на регионален проект во рамки на Фондацијата Метаморфозис, со тематски осврт кон добро владеење, транспарентност, отчетност и отвореност на институциите.

Претходно десетгодишно работно искуство во Министерството за внатрешни работи, по што следи 4 годишна советодавна позиција во Агенцијата за заштита на личните податоци, каде беше дел и од експертската работна група на Меѓуресорското тело за заштита на човекови права на РМ.

Автор е на неколку научни трудови за заштита на личните податоци, како и дел од експертската група за подготовка на програмата за постдипломски студии во оваа област. Поседува експертиза за заштита на личните податоци во социјалните медиуми, односи со јавноста и маркетингот. Експерт во подготовка на стратешки документи и комуникациски планови. Особен долгогодишен придонес во едукација на целни групи во образование за побезбеден интернет за децата и учениците. Сертифициран обучувач за возрасни за портфолиото на експертизата. Дел е од заедницата за заштита на приватноста со посебен интерес кон секторот „безбедност и следење“.

Член на заедницата на SEEDIG и EuroDig – под -регионални и регионални иницијативи на Форумот за управување со интернет, како и еден од основачите на Форумот за управување на интернет во Македонија.

Панелист на повеќе домашни и меѓународни конференции и активист на Кампањата на Совет на Европа за борба против говор на омраза.