ПОКАНА ЗА ЈАВНА ПРОМОЦИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕ
Почитувани,
Имаме чест и задоволство да Ве покaниме на презентација на истражувањето “Мониторинг на странското влијание врз медиумските содржини во процесот на пристапување на Македонија кон НАТО/ЕУ”, реализирано од авторите: м-р Лилјана Пецова Илиеска и д-р Кире Бабаноски.
Истражувачкиот тим е основач на Центарот за интернет, развој и добро владеење „Импетус“ – Скопје, формиран после успешно завршената летна школа WEASA 2018 (Warsaw Euro-Atlantic Summer Academy) на Колеџот на Европа во Натолин, Варшава, Полска.
Истражувањето е во рамките на добиениот грант поддржан од следниве организации: College of Europe, The German Marshall Fund of the United States, The Black Sea Trust for Regional Cooperation, The Balkan Trust for Democracy, Polish-American Freedom Foundation, Fundacja Liderzy Przemian, Erasmus+ Programme of the European Union.
Презентацијата ќе се одржи во петок 01.02.2019 година, со почеток во 14:00 часот во ЕУ Инфо Центар (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 52-б, 1000 Скопје).
Работен јазик на настанот е Македонски.