Директор на Програма за
Развој на млади
Фросина Кипријановска

Фросина Кипријановска, дипломира на Филолошкиот факултет, но нејзината работа во многу невладини организации ја мотивира да има не само неформално, туку и формално образование што може да го користи за време на нејзината работа со едукација на деца и млади. Таа во моментов е студент и на Педагошкиот факултет. Се приклучува на ” Generations for Peace – Генерации за мир”, глобална непрофитна организација за градење на мир, како волонтер во 2012 година. Програмите што таа ги води во Тетово, Скопје и околината, се за деца и млади, а во нив се користат алатки како спорт и уметност, за да вклучат заеднички активности и да изградат врски кои не постоеле пред воведувањето на активностите.

Фросина  се гледа себеси како личност која секогаш ќе има што да научи и го носи овој менталитет со неа во нејзините програми. Во текот на нејзиното волонтирање таа е дел од Женевската мировна недела 2018 година, како панелист на GFP и ја споделува својата приказна, а била и дел од бројни иницијативи во заедницата, семинари, тренинзи и работилници, земајќи ги научените лекции и користејќи ги за да ги подобрат активностите и програмите за да влијае врз младите. Таа секогаш им кажува на другите дека треба да го започнат своето волонтерско патување со нешто што изгледа како предизвик и дури и да имаат неуспешни обиди, бидејќи преку неуспех или предизвици најдобро се учи. Учесниците на програмите во кои има учествувано велат дека со ова придонела неизмерно во нивните перспективи.

Работејќи како проект менаџер во Здружението за заштита и едукација на деца и млади Роми “Прогрес” и како волонтер на GFP, таа е посветена да придонесе за едукација на децата и младите со тоа што е повеќе од младински лидер, пријател, пример или фасцилитатор. Оваа страст ја следи и ја продолжува својата работа во ИМПЕТУС, како Програмски Директор на Програма за развој на млади и е мотивирана да го сподели своето знаење и да изгради силна мрежа на млади лидери кои сакаат да создадат промена во заедницата.