Директор на програма за Добро владеење и Човекови права
Томе Шекерџиев

Томе Шекерџиев е магистер по споредбено уставно право.

Од 2017 година е менаџер на проект при Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Претходно, осум години ја извршуваше позицијата на Национален офицер за владеење на право при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, одговорен за активностите за криминал од омраза и говор на омраза.

Неговата главна експертиза е во полето на справување со криминал од омраза, говор на омраза и дискриминација. Искусен дизејнер на наставни програми и обуки на полицајци, обвинители, судии како и на адвокати и претставници на граѓанското општество во различни држави (Албанија, Бугарија, Грција, Грузија, Италија, Македонија, Црна гора и Полска). Има соработувано со национални тела за еднаквост, министерства, правосудни органи, академски институции и граѓански организации. Поседува искуство во изработка на закони, спроведување на анкети, воспоставување на меѓу-агенциска соработка, собирање на податоци и подготвување на регионални активности за справување со криминал од омраза, говор на омраза и дискриминација.

Автор и уредник е на неколку публикации за препознавање на говор на омраза и криминал од омраза. Во рамки на ИМПЕТУС тој е Програмски директор на Добро владеење и Човекови права