Директор на Програма за безбедност
Кире Бабаноски

Кире Бабаноски, Директор на Програма за безбедност во рамки на „ИМПЕТУС“, доктор на науки од областа на безбедноста, моментално е доцент на Факултетот за безбедносни науки, МИТ Универзитет – Скопје, одговорен за предметите Национална безбедност, Тероризам, Криминалистика и Форензика. Тој е ментор за практична настава на студентите одговорен за комуникација со претставниците на безбедносните органи во државата и органите за спроведување на законот, заради организирање на студиски посети и експертски предавања на факултетот. 

Тој е млад научник во областа на безбедноста, борбата против тероризмот, организираниот криминал и илегалната трговија и има стекнато детално познавање на методологијата на планирањето, дизајнирањето, подготовката, развојот и спроведувањето на испитувања, проекти и истражувања. Неговите трудови и написи се презентирани на повеќе меѓународни научни конференции и се објавени во релевантни тематски зборници и научни списанија од областа на современите безбедносни предизвици во Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Австрија, Франција и Италија. Меѓудругите учества, тој беше и учесник на Школата за политички студии при Советот на Европа во 2017 година и учесник на 6-от Светски Форум за Демократија (Совет на Европа, Стразбур, Франција, 08-10.11.2017).