Се стремиме кон општество во кое едуцирани млади и информирани, активни граѓани ќе придонесат кон демократски развој и свест за одговорно владеење.

Основни цели и задачи на Здружението се:

  • Промовирање на заштита на човекови права
  • Едукација и развој на програма за млади и Младинско учество
  • Истражувања и анализи во делот на безбедноста и заштита на приватноста
  • Поддршка, имплементација и развој на европските вредности на граѓаните во Република Македонија
  • Поддршка на отворената критика и критичко размислување;
  • Развој на соработка со медиумите, бизнис секторот, други невладини организации, фондации, асоцијации
  • Поддршка, создавање и развој на соработка со органите на централната и локалната власт, меѓународни институции и организации, странски амбасади и влади;
  • Развој на мрежа на регионални ограноци, низ целата територија на Република Македонија.
  • Унапредување на знаењата за интернет и дигиталните алатки 
  • Застапување за дијалог помеѓу различни етнички заедници преку тренинзи и борба против говор на омраза
  • Анализи, развој и спроведување на иницијативи за почитување на принципи на добро управување
  • Вршење и на други работи утврдени со Закон, договори и други нормативни акти на Здружението.